И покрај интересот од многу клубови после само една полусезона мината во Дортмунд, голгетерот Ерлинг Халанд изјави дека нема намера да си замине од Борусија, и дека во идната сезона посакува титула во Бундеслигата.

Халанд дури рече дека ќе остане во Дортмунд до крајот на договорот – 2024 година.

„Имам повеќегодишен договор тука, до 2024 година. Мојата цел е да ја освојам Бундеслигата и тој фантастичен успех да го прославам со навивачите“, рече Халанд и додаде:

„Имаме квалитет да бидеме прваци. Баерн е константен и тоа е имрпесивно. Мораме да продолжиме да се развиваме и да бидеме успешни следната сезона“, изјави Халанд.