Американецот Терел Липкинс е новиот организатор на играта на Академија ФМП.

Липкинс кој својата професионална кариера ја започнува во екипата на ГБА Лионс Храдец од Чешка, каде што настапуваше во сезоната 2016/17, од каде што преминува во екипата на Политехна од Романија за потоа да се врати и ги одигра последните две сезони во клубот каде што и започна.

Липкинс настапува на позиција 1, каде што го заменува Рони Харис кој својата кариера ќе ја продолжи во Швајцарија.
29-годишниот Терел во изминатата сезона постигнуваше 18 поени, 5 скока и 7 асистенции во просек и неговите очекувања за оваа сезона се:

„Пред се сакам да се заблагодарам на клубот што ми ја даде довербата да го облечам дресот на Академија ФМП за престојната сезона. Возбуден сум и задоволство ми претставува што доаѓам во Македонија, во градот Скопје. Знам дека ова е респектабилна лига и ќе дадам се од себе за да го претставиме клубот во најдобро светло. Очекувам напорна работа од екипата и се надевам на добар пласман сезонава.“ – изјави Терел по потписот со клубот.