Македонскиот младински репезентативец Далибор Костовски следната сезона ќе ја одигра во дресот на второлигашот Тиквеш. Некогашниот член на младинската школа на Вардар по престојот во Бугарија каде што беше дел од тимот на Септември се враќа во домашниот шампионат и ќе се испроба во таборот на кавадарчани.

Се работи за млад стопер кој е желен за докажување и кој секако дека ќе му послужи на тренерот Раде Цицмиловиќ во ротацијата на младиците во стартните единаесет со оглед на правилата на второлигашиот шампионат.