Се чини дека хрватскиот гигант Хајдук ги грабна Азер Омерагиќ и Леонид Игњатов, фудбалските бисери на Вардар. Сплитските “били“ ја искористија кризата во нашиот најтрофеен клуб и ги ангажираа едни од најголемите таленти во овој момент во Вардар, кој едноставно не знаеше како да ги задржи. Инаку Омерагиќ и Игњатов се актуелни репрезентативци на Македонија во У-19 селекцијата.

СПОРТМЕДИА дознава дека овој двоен трансфер е готов, останува само официјална промоција со белите дресови на сплиќаните. Договорите се, како што дознаваме, на две години, со можност соработката да потрае уште за една, значи 2+1. Јасно е дека во прво време Омерагиќ и Игњатов ќе играат за Хајдук 2 и ќе се обидат во блиска иднина да се наметнат за влез во првиот тим на еден од најголемите клубови на овие простори, член на “големата четворка“ во бивша СФРЈ.

И двајцата се во Сплит, минати се лекарските прегледи и се чека на промоцијата.