На сагата околу Бруно Дита и е ставена крај со потписот со Шкендија денеска. Албанскиот фудбалер, конечно, го стави потписот со тетовскиот тим, кој што успеа да донесе квалитетно засилување во дефанзивниот дел од средниот ред.

Дита е задоволен од тоа што ја избрал Шкендија, и ги искажува своите први импресии.

„Мислам дека го направив вистинскиот избор што ја одбрав Шкендија. Мои соиграчи кои играле во овој клуб, ми зборуваа многу добри работи за тимот. Тоа е сериозен клуб, кој што секоја година игра во Европа, и секогаш оди на титула. Станав шампион со Скендербег, а сега мојата желба е да станам првак и во друга земја. Шкендија во минатото поминуваше многу кола во Европа. Разговорот почна во јануари, но имав договор со Скендербег и не можеше да се случи реализација на трансферот“, рече Дита на промоцијата во тетовскиот тим.