Младиот централен бек Дајот Упамекано не мрда од Лајпциг. Еден од најбараните дефанзивци во последните две сезони го продолжи договорот со РБ Лајпциг до 2023 година. Младинскиот репрезентативец на Франција игра за Лајпциг од 2017 година, а претходно беше член на Салцбург.

Арсенал, Милан, Баерн Минхен го имаа овој играч на списокот на потенцијални засилувања, но, сепак, желбата на младиот дефанзивец да остане во Лајпциг беше пресудна.