Нико Хулкенберг ќе биде замената за Серхио Перез на трката во Формула 1 за ГН на Британија. Ова беше експресната реакција на Рејсинг Поинт тимот кој вчера дозна дека Мексиканецот е “фатен“ од Ковид-19. Па така синоќа и утринава Хулкенберг ги мина сите тестови, и тоа многу брзо, на коронавирусот и откако се покажа дека е негативен веднаш се стави на располагање на Рејсинг Поинт.

Беше неопходна брза реакција, и таа дојде, па таа овој тим сепак во недела на трката на Формула 1 ќе има двајца возачи. Сега прв возач ќе биде Ланс Штрол, а втор Нико Хулкенберг. Серхио Перез ќе биде во изолација.