Како што неофицијално дознаваме, Фудбалската Федерација на Македонија, ждрепката за сезоната 2020/2021 за двете втори лиги, планира да ја одржи на 10 август (понеделник). Сезоната ќе започне на 22 август, а и оваа сезона, и на истокот и на западот ќе има по 10 клубови. По вчерашните одлуки на УО на ФФМ, веќе јасно е дека првопласираните екипи во источната и западната конкуренција ќе се пласираат директно во елитата за сезоната 2021/2022,додека второпласираните ќе играат бараж со деветата и десетата екипа од Првата лига.