Калиду Кулибали веќе е на пат да замине од Наполи, и да се пресели во некој гигант. Манчестер Јунајтед и Сити се двата тима кои „притискаат“ да го земат, а тимот од Неапол веќе се подготвува за негова замена.

Станува збор за Самуел Умтити кој што веќе е непожелен во Барселона, и ќе биде ставен на трансфер листа. Според најавите, Французинот би можел во Неапол за околу 40 милиони евра, односно половина од сумата од која ќе биде продаден Кулибали (80 милиони).

Барселона веќе сака да се „откачи“ и од него, откако веќе го продаде Артур на Јувентус.