Едисон Кавани е името кое летово се поврзува со еден куп екипи ширум Европа. Уругваецот најпрво беше поврзуван со Баерн Минхен, па со Бенфика но и двата клуба демантираа такво нешто, за сега, искусниот напаѓач медиумите да го испратат ни помалку ни помалце туку во Лидс.

По повеќе од деценија и пол, клубот повторно е дел од Премиер лигата, и нормално се бараат и екстра засилувања. Тука секако спаѓа и Кавани, кој би бил соиграч со нашиот Џани Алиоски доколку се „поклопат коцките“.