Македонскиот младински репрезентативец Кристијан Трапановски, се враќа во Академија Пандев. Тој деновиве треба да го комплетира „кам-бекот“ во клубот во кој настапуваше пред да замине во Чешка, во тимот на Славија Прага.

Трапановски настапуваше за Б тимот на Славија, а потоа мина на позајмица во Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова. Сега повторно ќе го носи дресот на Академија Пандев, и ќе биде големо засилување за струмичкиот прволигаш.

Тој настапуваше за младинските категории на Академија Пандев, а од 2015 до 2017 беше дел од сениорите. Потоа замина во Чешка. За младата селекција на Македонија има одиграно 11 меча, но има и натаму право да игра со оглед дека има 20 години.