Македонија и дефинитивно остана без место во женската ракометна Лига на Шампионите. Последниот ранкинг кој го објави ЕХФ, вели дека Македонија паднала од осмото на 15 место во Европа, позиција која веќе не гарантира пласман на наш тим во елитната ракометна женска лиога во Европа.

Се разбира дека ова доаѓа по колапсот на ЖРК Вардар, клуб кој пред неколку сезони беше при врвот на европскиот ракомет, но за жал никогаш не успеа да се искачи и на него.

Па така сега Македонија ќе има два претставника во Европската лига и исто толку претставници во женскио Европски куп.