Мануел Пелегрини, искусниот стратег од Чиле, на почетокот на овој месец беше назначен за шеф на стручниот штаб на Бетис, но по се изгледа дека веќе ќе си оди. И за тоа виновни се кинезите кои му понудиле баснословен договор. Сега тимот од Андалузија е во небрано, кој од Чилеанецот имаат големи очекувања за следната сезона, но како што стојат работите веројатно е дека ќе останат со празна клупа. Едноставно Пелегрини не може да каже НЕ на понудата од Кина. Името на клубот не се спомнува.

Во секој случај ќе видиме како ќе се одвиваат настаните во следните денови во таборот на Бетис.

Во случај Пелегрини навистина да ја напушти Шпанија, тогаш Бетис би до гонел Жорди Кројф, барем такви се шпекулациите.