Утринава ракометарите на Металург, стручниот штаб на чело со Зоран Кастратовиќ и дел од раководството на клубот, заминаа за Маврово каде ќе ја одработат следната фаза од тековните подготовки во пресрет на сезоната. Сезона во која вообичаено ги чека како домашната така и меѓународната сцена. Првиот ривал е Спачва од Винковци.

Во наредните десет денови, колку што ќе трае престојот во Маврово, екипата ќе продолжи со кондицсиката подготовка а ќе почне и со поинтензивна техничко – тактичка подготовка.