После пет години, Евгениј Новак го напушти Вардар и се наоѓа пред враќање во Украина. Стоперот, кој беше одлчен во изминатите сезони, и најзаслужен не само за титулите, туку и за настапот во Европа, во својата родна земја ќе го носи дресот на тимот на Колос.

Тој утре треба да го стави потписот на договорот, и со тоа да се врати во украинскиот фудбал. Во минатото одбиваше неколку добри понуди, и секогаш се решаваше да остане во Вардар, но не и сега. Новак ќе остане запаметен по тоа што собра многу аплаузи, секогаш беше вистински професионалец и пример како треба да се „гине“ за клубот во кој се игра.

Меѓутоа дојде денот за разделба. Ако беа средени работите во најтрофејниот клуб, тогаш сигурно дека ќе останеше и ќе беше вистински столб во одбраната. Но, ситуацијата во Вардар стана неподнослива па дури и за „железниот“ Новак кој сега се враќа во својата родна земја.