Аманда Ставилеј, една од главните посредници при, сега веќе, пропадното преземање на Њукасл од страна на пребогатиот Мохамед бин Салман, откри кој се е виновен за тоа клубот од „Сент Џејмс Парк“ да не стане најбогатиот во Премиерлигата, па и во светот.

Другите клубови во Премиерлигата не сакаа тоа да се случи. Ова беше голема шанса“ изјавила Ставилеј низ солзи за “Тајмс“.

Во интервјуто таа кажала дека најгласни за тоа да не се случи преземањето на Њукасл од страна на Бин Салман биле Ливерпул и Тотенхем, иако сите технички детали за купувањето биле готови.

Ставилеј посочила дека Саудијците барем засега се откажале, но дека имаат намера во блиска иднина сепак да го купат Њукасл и во него да вложат многу, многу пари.

Инаку Ставилеј во тоа интервју сепак не кажала дека најмногу тагува по тие 30 милиони евра од провизијата која требаше да ја земе при успешната зделка, а таа провизија изнесувала 10% за Ставилеј од тие споменати 300 милиони, пари со кои Њукасл се продаваше.