Ралф Рагник ја напушти групацијата Ред Бул каде што работеше како шеф на фудбалскиот развој под чија капа се неколку клубови меѓу кои Салцбург и Лајпциг. Иако имаше договор до 2021 година тој реши да си замине и порано од предвиденото. Рагник славеше три промоции, вицешампионска титула, куп финале и два пласмани во Лигата на шампионите како дел од РБ империјата, поточно Лајпциг во случајов. Тој одигра клучна улога во развојот на Лајпциг, а беше посакуван и од Милан меѓутоа тој на крајот одби да оди во Милано.

Дојде време да си одам од Ред Бул. Сакам да им се заблагодарам на сите, посебно на Дитрих Матешиц за поддршката и довербата. Тој ми даде шанса да направиме нешто уникатно во изминатите години и успеавме во тоа“, изјави Рагник.

Рагник во кариерата работеше и како тренер и како спортски директор, а што ќе биде неговата следна работа останува да видиме.