Астон Вила и идната сезона ќе ја гледаме во Премиер лигата откако клубот по ремито 1:1 со Вест Хем во последното коло и поразот на Вотфорт го осигура опстанокот. По успешната задача фудбалерите и стручниот штаб на Вила имале луда забава до раните утрински часови, а тренерот Дин Смит се разбудил во својата канцеларија.

Смит раскажа дека под дејство на алкохол се обидел да го наговори капитенот Џек Грилиш да потпише нов договорот со клубот. Јасно е дека Грилиш најверојатно ќе ја напушти Вила ова лето, а понуди за него има од Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Но Смит бил упорен во намерата да го убеди капитенот да остане на „Вила парк“.

Му дадов неколку чашки алкохол (шотови) и го терав да потпиша нов петгодишен договор“, се смее Смит.

Дали ми успеа финтата? Не, се уште не е потпишано ништо… „Самбуката“ (вид на ликер) знае што се случувало таа вечер. Тоа беше лудо, не знам кога отидов да спијам, кога се разбудив бев во мојата канцеларија. Не се сеќавам како сум стигнал тука. Утредента скришно избегав за да не ме види никој“, додава тренерот на Астон Вила.