Мечевите од Лигата на Нации, па и оној историскиот со Косово наесен, најверојатно ќе се играат без публика. Очекувано со оглед на тоа дека пандемијата со Ковид-19 никако да запре малку, а нели се очекува наесен да биде уште полошо.

Се разбира дека се чека официјален став на УЕФА, но одредени информации, или луѓе од УЕФА веќе најавуваат такво сценарио. Некои пак велат дека УЕФА ја донела таа одлука, се чека само на официјализирање.

Ако веќе е така тогаш јасно е дека првиот меч со Ерменија во Лигата на Нации, кој е закажан за 5 септември ќе се игра без публика, како и оној на 8 октомври со Косово, меч од полуфиналето од баражот за пласман на ЕВРО 2021. Да потсетиме дека тој меч со Косово веќе двапати беше одложуван поради коронавирусот.