23-годишниот голман Филип Лазаревски е новата летна аквизиција на Работнички. Тој потпиша на една година за „романтичарите“, и ќе биде конкуренција на Ристе Јанков, кој што треба да го чува голот по заминувањето на Дамјан Шишковски.

Лазаревски доаѓа од тимот на Шкупи. Практично тој се враќа во тимот на Работнички, а во минатото беше дел од Кораби, Борец, Еуромилк и Металург.