Светскиот шампион со Германија од 2014 година Бенедик Хеведес ја заврши професионалната кариера. Германецот нема да бара нов клуб откако го раскина договорот со Локомотив Москва. Некогашниот долгогодишен фудбалер на Шалке, а потоа и член на Јувентус е вториот фудбалер од Светскиот шампион кој се пензионира ова лето после Андре Ширле.

Сватив дека ме исполнува тоа што поминувам повеќе време со синот. Одеднаш, фудбалот стана неважен за мене“, изјави 32-годишниот фудбалер за „Шпигел“.

Хеведес почна во младинските категории на Шалке, а за првата екипа дебитираше во 2007 година и помина 12 години во клубот од Гелзенкирхен. Една сезона играше како позајмен во Јувентус, а од 2018 до 2020 играше за Локомотив.

За Германија одигра 44 натпревари.