Фудбалерите на Арсенал по рекорден 14-ти пат се освојувачи на англсикиот национален ФА Куп. Во голето финале на „вембли“, момците на Микел Артета предводени од неверојатниот Пјер-Емерик Обамејанг дојдоа до победа од 2:1 и успеаја да го подобрат историскиот рекорд во најстарото фудбалско натпреварување во светот.

Работите тргнаа одлично за „сините“ кои успеаја уште по само 5 минути да обезбедат предност. Кристијан Пулишиќ ја погоди мрежата на Мартинез и успеа да донесе голема радост за фановите на Челзи.

 

Овој погодок како да ги разгневи „топчиите“, кои тргнаа одлучно и во 28. минута се изборија за удар од белата точка. Најдобриот стрелец во составот на Арсенал, Обамејанг успеа да го матира Кабаљеро и да донесе израмнување на 1:1.

 

Во второто полувреме се играше премногу внимателно, се до 67. минута кога Обамејанг по асистенција на Пепе успеа и по вторпат да го матира Кабаљеро и да донесе голема радост за „топчиите“.

 

По вториот жолт картон на Ковачиќ, челзи остана со 10 фудбалеир во 73. минута и беше исклучително тешко да се надева на успех. Во самата завршница на мечот, потешка повреда на рамото заработи педро, кому ова му беше и последен меч во дресот на „сините“.

Арсенал последен пат го освои ФА Купот во 2017 година, а досега ги освојуваше трофеите и во 1930, 1936, 1950, 1971, 1979, 1993, 1998, 2002, 2003, 2005, 2014, 2015 и 2017 година. Oва е првиот трофеј кој Артета го освојува како менаџер во Премиер лигата, откако во декември минатата година го презема лондонскиот тим.