Крилниот кошаркар на Орландо Џонатан Ајзак е првиот НБА играч кој одби да клекне како солидарност во борбата на движењето: „Животот на црнците е важен“ (Black Lives Matter). За разлика од сите други во салата кои облекоа и маички со натпис, тој го облече својот дрес и стоеше за време на интонирањето на химната во Орландо.

На социјалните мрежи овој негов потег предизвика голем број на коментгари, но имаше и такви кои не го осудуваат со образложение дека секој има право да го изрази својот став.

На многу спортски натпревари спортистите клекнуваат на колено како поддршка на движењето кое стана глобално после убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на еден полицаец во Минеаполис.