Нема одмор за Бруно Дита. Само што дојде во Тетово во текот на вчерашниот ден, веднаш следуваше потпис и промоција, а потоа се знае, и одработување на првиот тренинг со своите нови соиграчи од Шкендија. Инаку Дита е во натпреварувачка форма, првенството во Албанија заврши во средата, а сега почнува со завршни тренинзи со тетовските “црвено – црни“ пред стартот на сезоната во ПМФЛ.

Инаку со ангажманот на Дита, кој игра како последен играч за врска, сега се ослободува малку притисокот кон Алими, Тотре, Ахмеди..кои ќе можат да мислат повеќе кон нападот, а не кон бранење на својот гол, тоа значи дека Шкендија ќе биде уште поопасна.

Дита има 27 години, некогашен младински репрезентативец на Албанија, а во играл за Беса, Теута и како последен клуб Скендербег.