Каква очајна, ужасна статистика за Кепа Аризабалага, голманот на Челзи кој уште важи за најскапиот чувар на мрежата во светот, ако се знае дека за него “сините“ платија неверојатно 80 милиони евра.

А таа вели дека Кепа е најлошиот голман во историјата на Премиерлигата, најлош од сите 760 голмани колку што бранеле. Во конкуренција се земаат само оние кои имаат повеќе од 10 настапи.

Кепа има 54,5 одбранети удари, што значи дека секој втор шут кон него завршил во голот на Челзи. Тој примил 8% од головите на Челзи од 1992 година па наваму, оваа сезона примил дури 47 голови од кои на 14 не се ни помрднал. Челзи оваа сезона примил вкупно 54 голови, колку и еден Брајтон.

После се ова Лампард веќе не смета на Шпанецот, кој секако дека следната сезона нема да биде прва опција за голот на Челзи.