Се чини дека Саудијците не се откажуваат така лесно да купат познат европски фудбалски клуб. Имено откако пропадна бизнисот со Њукасл, Мохамед бин Салман, принцот од Саудиска Арабија и министерот за одбрана на таа земја, инаку прв човек на Инвестицискиот фонд кој “тежи“ околу 300 милијарди долари, “фрлил“ око на Милан. Ова го пишуваат арапските медиуми, додека во Италија нема ни збор за оваа можна зделка.

Неофицијално, барем според шпекулациите, Бин Салман сакал да вложи повеќе пари во Милан отколку што мислел тоа да го стори во клубот од Премиерлигата. А и Милан е позната европска и светска “марка“, некогашен европски шампион, некогашен гигант.

Само уште да се сложат американските газди да го продадат Милан, и се ќе биде во ред за моќниот бин Салман.