Како што приближува дуелот од четвртфиналето на ЛШ така проблемите во Пари Сен Жермен стануваат се поголеми. Во финалето на Купот на Франција се повреди Килијан Мбапе и за него е сигурно дека ќе го пропушти дуелот со сензацијата од Бергамо, а на вчерашниот финален мел од Лига купот уште тројца фудбалери заработија повреди. На списокот на повредени се ставија уште Мауро Икарди, Тијаго Силва и Левин Курзава.

Поранешниот напаѓач на Интер беше заменет во 58 минута и на клупата му ја бандажираа ногата. По него се повреди и Курзава кој исто така мораше да ја напушти играта.

Бразилецот Силва доби удар во 70 минута, па не можеше да трча како што треба. Тој беше заменет во првото продолжение. Се зборува дека неговата повреда не е толку сериозна.

За другите двајца ќе кажат лекарите после прегледите.