Одбојкарскиот клуб Вардар ги пријави својот женски и машки тим во Европа. И двете екипи во новата сезона ќе играат во ЦЕВ Челинџ купот.

Лани машката екипа на Вардар беше единствениот македонски тим кој се пријави по пауза од една деценија, а и оваа сезона „црвено-црните“ сакаат да играат во Европа. Да потсетиме вардарци неславно стартуваа во квалификациите со пораз од чешкиот Карловарско со вкупни 6:1 (3:0 на првиот и 3:1 на вториот меч). А до прекинот на сезоната во домашното првенство мажите беа на чело на табелата со три бода предност во однос на Џио Струмица.

А и женската екипа на Вардар беше лидер до прекинот поради коронавирусот, со три бода повеќе во однос на вториот Работнички.