После 15 години, поранешниот полски репрезентативец Артур Боруц, се врати во Полска, во својот матичен клуб Легија.

Боруц во 2005 година од Легија замина во Селтик, а потоа бранеше за Фиорентина, но одново се врати на Островот. Играше за Саутемптон, а во последните пет години бранеше за Борнмут.

Сега одново ќе се врати во својот матичен клуб, и се чини дека тука ќе ја заврши кариерата, со оглед дека има 40 години.