Некогашниот капитен на репрезентацијта на Камерун од Мундијалите во Италија односно САД, Стивен Тата ненадејно почина на 57. годишна возраст.

Во времињата кога Роже Мила беше иконата на камерунскиот фуднал, Тата всушност веше капитенот и двигателот на нештата во таа селекција. Речиси целата своја кариера ја мина во татковината, интересно е дека своевремено не ја минал пробата во англискиот КПР.

По завршувањето на активната кариера Тата работеше во фудбалскиот сојуз на Камерун со младинските категории.