Денеска се одиграа неколку пријателски средби во пресрет на стартот на новата сезона. Струга Трим Лум со 2:0 успеа да победи во “езерското дерби“ против Охрид. Марјан Алтипармаковски и Нијас Лена беа стрелци на головите за прволигашот, тоа беше прв гол за Мацата за својот нов тим. Значи усоешна “генералка“ за составот на тренерот Срѓан Захариевски, Овој меч се одигра на Градскиот стадион во Струга.

Академија Пандев во Струмица, на теренот од комплексот на “Горан Пандев“ со 2:0 успеа да ја победи екипата на Тиквеш. Стрелци на головите беа Марио Крстовски во 62. и Даниел Миловановиќ во 72.минута.

Пелистер пак во Битола на својот стадион одигра само 0:0 против силниот состав на Гостивар.