Кога имаш мнооогу пари секако дека лесно е да си го дозволиш еден од најскапите автомобили во светот. Па тој да чини и неверојатни 3 милиони евра. А тоа го може Кристијано Роналдо кој на својој инстаграм профил се пофали со новата “играчка“ која се вика Бугати Широн, која може да развие дури 400 км на час за половина минута. Има само 500 во светот и посебна комисија треба да даде дозвола за да го купиш, без разлика колку пари имаш. А на Роналдо секоја комисија ќе му даде дозвола, тука не сомневање. Се чини дека оваа фотографија на Роналдо со Бугатито има двојна намена. За машкиот свет да се нагледа на новиот Бугати, а за женскиот пак да се воодушевува од изгледот на фудбалерот, посебно од неговите стомачни мускули.