Еден од најдобрите фудбалери во историјата едноставно не може да се препознае. Сега наликува на буцко кој си го тера одморот на Балеарите и тоа во убаво друштво. Некој ќе рече дека само еден е вистинскиот Роналдо, оној Луис Назарио да Лима, а не Кристијано, но тоа е работа на вкусовите. Овој бразилскиот Роналдо беше познат и не само по дриблинзите, головите, титулите, по тоа што играше за Барса, Интер, Реал М, Милан, туку и по тоа дека сакаше бурен ноќен живот, дека имаше жени на кои бројот не им се знае, едноставно ужива во животот.

Моментално сега е со Селина Лукс која е 14 години помлада од него, но тоа не му пречи, а со него на одмор се и децата од претходните бракови.

Да, можеби, само еден е вистинскиот Роналдо кој беше почитуван како божество од сите фудбалски фанови.

Оној Назарио да Лима…