Вардар се обидува да го склопи ростерот за следната сезона во последен момент. Има само уште неколку дена до стартот на шампионатот, и стручниот штаб и управата итаат да доведат што е можно повеќе нови имиња.

Па така, на тренинг на Вардар во моментов е и Стефан Лазаревиќ кој есеноска беше дел од тимот на Борец. Претходно беше дел и од екипите на Тетекс и Македонија ЃП, а е поранешен македонски младински репрезентативец. Се надеваме дека играчот за врска и Вардар ќе се договорат за соработка и дека тој ќе биде дел од оној тим кој ќе настапи веќе на првиот меч против неговиот поранешен клуб Борец следната сабота на Арената Филип Втори.