Сакраменто изгуби од Сан Антонио со 129:100 во првиот меѓусебен дуел во Волт Дизни ризорт во Орландо по рестартот на сезоната, а иако Богдан Богдановиќ и Диерон Фокс беа расположени за игра, сепак, тоа не беше доволно Кингс да спречат пораз на овој меч.

Богдановиќ уфрли 24 поени од кои шест тројки од 11 шутеви, додека плејмејкерот Фокс уфрли рекордни 39 поени. Сепак, ривалот го имаше Демар Дероузен кој во последната четвртина додаде гас и уфрли 17 од своите 27 поени. Покрај него тренерот на Спарси Грег Попович го имаше и Дерик Вајт кој постави поентерски рекорд на кариерата (26) кој го менува Демаркус Олдриџ поради повреда.

Сан Антонио со овој триумф ги прескокна Кингс на табелата на Западот, па сега е десетти со скор 28-36, додека Кингс се на 12. позиција (скор 28-37).

Милвоки го совлада Бостон со 119:112, а Хјустон славеше над Далас во продолжението со 153:149. Џејмс Харден уфрли дури 49 поени, притоа имаше уште осум асистенции и три украдени топки. Харден втора сезона по ред запишува најмалку 20 натпревари во НБА со 40+ поени, а такво нешто претходно успеал да направи само Вилт Чембрлејн (1959-65).

Во другите мечеви синоќа: Орландо – Бруклин  128:118; Портланд – Мемфис 140:135 по продолженија, Финикс – Вашингтон 125:112