Она што Спортмедиа го најави уште пред неколку дена тоа денеска и се оствари. Екипата на Шкупи од денеска е посилна за репрезентативецот на Костарика, Фреди Алварес кој доаѓа како екстра играч за предизвиците кои претстојат.

Јужноамериканецот е офанзивец кој во следниот период треба тимот на Шкупи да го направи уште посилен и да го стави во графата на фаворити за највисок пласман следната сезона.

„Презадоволен сум што доаѓам во клуб кој што има богата традиција и историја на трофеи и успеси. Доаѓам во Шкупи со многу мотиви и очекувања за успеси затоа што знам што значат истите за овој клуб“ – вели Алварес за официјалниот сајт на клубот.