Тренерот на Вардар Стевче Алушовски имаше на располагање многу ракометари, дел и од екипата на Вардар Јуниор, а на крајот состави конечен список од 21 ракометар кој ќе останат да тренираат со Вардар 1961.

Алушовски реши во првиот тим да тренираат Мартин Карапалевски, Давид Гашовски и Давид Саврески. Другите ќе одат на позајмица во тимот на Работнички: Стефан Атанасовски, Ален Ќосевски, Васил Гогов, Стефан Крстевски и Давид Савревски. Младиот Савревски ќе тренира со првиот тим на Вардар, а ќе настапува за Работнички.

Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат:

ГОЛМАНИ

Борко Ристовски

Робин Кантагрел

Марко Кизиќ

ПИВОТМЕНИ

Стојанче Стоилов

Глеб Калараш

Давид Гашоски

Патрик Валчак

КРИЛА

Димитар Димитриоски

Тимур Дибиров

Гоце Георгиевски

Иван Чупиќ

БЕКОВИ

Мартин Карапалевски

Кристијан Дисингер

Филип Талески

Анте Гаџа

Томислав Јагуриновски

Марко Вујин

Јосип Векиќ

Давид Савревски

Ловро Јотиќ

Марко Мишевски