Бразилскиот фудбалски клуб Ред Бул Брагантино побара од болница јавно извинување за нанесена штета затоа што смета дека токму нивната нестручност била причина за поразот на екипата во важното полуфинале на првенството на Сао Пауло против Коринтијанс. Клубот добил извештај за 23 позитивни примероци, вклучувајќи и девет играчи.

Но на денот на натпреварот станува јасно дека резултатите од тестот се лажни и дека екипата може да игра против Коринтијанс. И така неспремни и исплашени го изгубиле мечот со 0:2.

Клубот сега побара јавно извинување од болницата „Алберт Ајнштајн“ и Фудбалската асоцијација на Сао Пауло затоа што смета дека е драстично оштетен. Раководството вели дека напнатоста околу позитивните резултати имала влијание врз поразот, бидејќи тимот не можел да тренира нормално.