Тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини предупреди дека италијанскиот фудбалски економски систем не претпочитува екипи како Аталанта да се задржат долго на врвот, затоа што буџетот е премал за да купуваат скапи ѕвезди. Аталанта успеа да заврши на третото место на табелата со што втора година по ред си обезбедува учество во Лигата на шампионите. Тимот запиша неколку рекорди меѓу кои беше најдобар во број на дадени голови и го сврте вниманието со атрактивниот стил на игра и пласманот во четвртфиналето на ЛШ.

Гасперини вели дека без сериозни инвестиции ова ниво тешко е да биде задржано.

Ќе направиме се што е до нас да се подобриме, но вистината е дека сме зависни од италијанската економска ситуција. Фудбалскиот систем во државата не е дизајниран за клубот како нашиот да се задржат на врвот долго време. Може да бидеме конкурентни само ако го подобриме составот“, изјави Гасперини.