Откако се раздели со Валтер Зенга, Каљари не чекаше многу. Имено пред еден час и нешто повеќе, и официјално потврди дека има нов шеф на стручниот штаб, а тоа е Еузебио Ди Франческо. Екс стратегот на Рома, Сампдорија, Сасуло…исто така некогашен познат фудбалер во Серија А, ќе се обиде на тимот на Каљари да му донесе подобри резултати следната сезона. Ди Франческо потпиша двегодишен договор со тимот од Сардинија, кој во штотуку завршената сезона заврши на 14-тото место во Серија А.