Шампионот на Ролан Гарос од 1983 година Јаник Ноа на гостувањето во емисијата „Тhe Tennis Podcast“ направи споредба меѓу својата и современата епоха во тенисот. Француската легенда раскажа интересна историја со учество на Џон Макенроу и ја анализира еволуцијата на личноста на Роџер Федерер.

Соперништвото меѓу Федерер и Надал е многу пријателско и џентлменско. Во мое време ситуацијата не беше таква. Тогаш играа Бјорн Борг, Џон Мекинро, Џими Конорс, Иван Лендл… Сите тие беа многу силнии непредвидливи карактери. Пред создавањето на етичкиот кодекс на АТП, играчите се однесуваа многу агресивно и си дозволуваа многу на теренот“, се сеќава Ное.

Французиот се сети и на првиот меч во кој се применуваше Кодексот, а негова „жртва“ беше еден од најголемите скандалозни тенисери.

Бев кај Пат Кеш во Мелбурн, а во исто време Џон Мекинро играше против Мајкл Пернфорс. Тоа беше на Австралија опен во 1983 година. Џон имаше комотно водство и ние веќе ставивме едно пиво за него во фрижидерот затоа што вети дека ќе дојде кај нас после мечот. Џон неколку пати кажа непристојни работи и го тресна рекетот од земјата – работи што во тоа време беа сосема нормални, посебно за него. Сепак, тогаш, кодексот на етика стапи на сила, а Мекинро ненадејно беше дисквалификуван. Тоа беше еден вид на иронија, затоа што кодексот беше создаден претежно за него, го знаеја каков карактер е и не сакаа да остави црна дамка на тенисот. По мечот, Џон дојде кај нас многу вознемирен. Да не беше дисквалификуван ќе игравме еден против друг во наредната рунда, но тоа не се случи“, вели поранешниот лидер на ранглистата.

Ноа рече дека без етичкиот кодекс, однесувањето на денешните тенисери би било многу поразлично.

Ако не беа денешните правила, дури ни Роџер Федерер немаше да биде  таков господин. Како тинејџер, тој беше лигуш, постојано пцуеше и кршеше рекети. Но, тогаш свати дека на тој начин нема да стигне далеку, и научи да ги контролира своите емоции. Тој сега е како будистички монах. Неговата трансформација е прекрасна“, додаде Ноа.