Мајк Тајсон, веројатно еден од најдобрите боксери во историјата се присети на мрачните моменти од својот живот. Кога беше на врвот на славата, но и кога беше “фатен“ од кокаинот, проститутките, алкохолот и другите пороци.

Додека се подготвува за егзибицискиот меч со Рој Џонс кој е закажан за 12 септември, Тајсон искрено призна една несреќен момент во својот живот од пред многу години.

“Бев во хотелска соба, а во такви моменти никогаш не сакав да бидам сам, или бев со моето куче или со проститутка. Тогаш бев со седум жени покрај мене, а имаше и алкхохол, кокаин,морфиум, вијагра, марихуана и коњак. Тогаш го допрев дното, ми се смрачи се околу мене. Мислев дека тие жени ќе ме ограбат па почнав да ги ударам. Навистина беше страшно. Среќа сега сум чист, кокаин не користам веќе три години“ изјавил Тајсон.