Тага во светската одбојка, а посебно во спортот во Јужна Кореја. Имено некогашната репрезентативка на Јужна Кореја во одбојка, Го Ју-Мин, е пронајдена мртва во својот стан. Сомневањата се дека 25-годишната одбојкарка изршила самоубиство, но таквите тврдења сепак се уште официјално не се потврдени. Нејзиното безживитно тело е пронајдено во нејзиниот стан откако извесно време не се јавувала на телефон, не отварала врата. Од властите во Ј. Кореја известено е само дека истрагата е во тек.