Даг Педерсон, тренерот на НФЛ тимот Филаделфија Иглс е заразен со коронавирус. Па така тој е вториот тренер во оваа лига кој “закачи“ корона во ова време на пандемијата на Ковид-19. Педерсон, според пишувањето на медиумите во САД нема никакви симптоми, но е во самоизолација.

Педерсон стана тренер на Филаделфија во 2016 година, а во сезоната 2017/2018 успеа да го однесе својот тим до триумф во Супер болот, прв во историјата на клубот.

Првиот тренер во НФЛ кој се зарази од коронавирусот е Шон Пејтон, од Њу Орлеанс, на кого му требаше еден месец да заздрави.