Англискиот фудбалски сојуз (ФА), подготвува нови судиски правила кои ќе важат за новата сезона 2020/2021. Како што пишува “Тајмс“, секој ирач ќе добие црвен картон и ќе биде исклучен ако намерно кашла кон противничкиот фудбалер или кон судијата. Се разбира дека ова се прави со цел да се заштитат учесниците на еден натпревар кои ќе бидат на теренот. Ваков инцидент ќе се смета како потежок фаул и ќе се третира како прекршок по кој ќе следува исклучување. Останува само да се дефинира дали и за ваквите случаеви ќе се користи ВАР технологијата, или пак доволно ќе биде тоа што ќе види главниот судија на теренот.