Еден од најтрофејните германски ракометни клубови, Кил, поради кризата со коронавирусот ќе мора да ги намали платите на своите ракометари за да се спаси од банкрот. Според пишувањата на данските медиуми, ракометарите на Кил наводно прифатиле кратење на платитеи до 50% до крајот на 2020 година.

За данските медиуми тоа го потврдил најдобриот ракометар на светот за 2019 година, голманот Никлас Ландин, кој рекол дека членовите на тимот се солидарни со ситуацијата во Кил.

Кил е меѓу најзагрозените клубови, затоа што ќе мора да игра пред празна сала оваа година и да загуби огромен приход од продажба на влезници.