Македонскиот младински репрезентативец Агон Елези ќе игра во Португалија. Неговиот нов клуб е Боависта со кого ќе потпише тригодишен договор, пренесува португалскиот „Рекорд“. А клубот, инаку некогашен португалски шампион, за услугите на овој 19-годишен фудбалер ќе му плати на Скендербег 400.000 евра.

Елези е поранешен играч на Влазрими, Шкупи, кратко беше и во младинската екипа на Каен.