Наум Бабачев-Бабак ќе биде дел од стручниот штаб во сениорскиот тим на РК Охрид. Поранешниот ракометар и долгогодишен тренер во младинските категории ќе биде помошник на тимот предводен од Раде Стојановиќ.

И ракометарите на ГРК Охрид влегоа во погон и почнаа со подготовките за новата сезона, првиот тест ќе го имаат на струшкиот турнир. Противници во групната фаза ќе бидат тимовите на Вардар, Бутел Скопје и Е. Пелистер 2.