Да, точно е дека Чиро Имобиле (36) и Роберт Левандовски (34) се први стрелци во Европа за сезоната 2019/2020, тука ги сметаме само првенствените мечеви. Тие се на врвот.

Но дали знаете дека сепак Иван Тричковски, офанзивецот на АЕК Ларнака, нашиот интернационалец на Кипар, сепак е “бомбардер“ бр.1 на Стариот континент. Тука ги сметаме одиграните мечеви и постигнатите голови. Македонецот на Кипар на 18 мечеви постигнал 20 голови, или во просек по 1.11 голови на секој меч, втор е Левандовски со 1.10, додека Имобиле со 0.97 е петти. Значи само Тричко и Лева постигнале повеќе голови од колку што одиграле натпревари.

Статистиката не лаже, бројките не лажат.

А еве ја табелата на првите десет најдобри во Европа…

1. Иван Тричковски (АЕК Ларнака) – 1.11 (20/18)

2. Роберт Левандовски (Баерн) – 1.10 (34/31)

3. Жан-Пјер Нсаме (Јанг Бојс) – 1.00 (32/32)

4. Ерлинг Халанд (Дортмунд) – 1.00 (29/29)

5.Чиро Имобиле (Лацио) – 0.97 (36/37)

6. Шон Вајсман (Волфсбергер) – 0.97 (30/31)

7. Кристијано Роналдо (Јувентус) – 0.94 (31/33)

8. Ерик Сорга (Флора) – 0.91 (31/34)

9. Килијан Мбапе (ПСЖ) – 0.90 (18/20)

10. Жуниор Мораес (Шахјтар) – 0.89 (17/19)