Крајот на сезоната во Ла Лига, Герет Бејл го одбележа со своите потези и реакции на трибините, се чини број еден фотографија ќе остане онаа со маската на лице, на која се преправа дека спие.

Се поизвесно е дека Зинедин Зидан повеќе не смета на неговите услуги, а Бејл доаѓа на тренизите зошто мора, судејќи според неговите реакции.

Пред неколку години беше фудбалски магионичар поради одличните игри и голови, сега на тренинзите делува целосно незаинтересирано, дури наликува на статуа поради минималните движења.